(ВИДЕО+ФОТО) Што се по професија, Кејт и принцот Вилијам – родителите на новородениот британски принц Луис?

Од вчера, 1. мај, на јавноста и е достапен изводот од матичната книга на родените на новиот британски принц. Малечкиот Луис Артур Чарлс е роден на 23. април, а во изводот од матичната книга на родените го пишува и неговото полно име – Неговото кралско височество принц Луис Артур Чарлс од Кембриџ.
Изводот го потпишал таткото на детето, принцот Вилијам.
Меѓу податоците во изводот, секако се и имињата на родителите но и нивните професии.
Така таткото на детето принцот Вилијам Артур Филип Луис, војвода од Кембриџ, по професија е – принц на Обединетото Кралство, а мајката на детето, Кетрин Елизабет, војвотката од Кембриџ – принцеза на Обединетото Кралство.
Без оглед на податоците во изводот од матичната книга на родените, познато е дека Кејт и Вилијам дипломирале Историја на уметност. Кејт станала прва кралска невеста со универзитетска диплома.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …