Утре „Кец на десетка“ во Македонски народен театар

Кога едно сосема нормално семејство ќе се собере за да се запознае со идниот зет, се очекува секој да даде се’ од себе, да ги смири своите човечки слабости, ако ги има, нели, да ги потисне внатрешните проблеми, не толку сјајните карактерни особини, фактот дека можеби сте пред развод…

Се очекува да оставите максимален впечаток на другата страна, до степен да се прашува со што ја заслужил таа неверојатна среќа да ве сретне токму вас како прибежиште, како иднина, како судбина…
Целта не ви е да ја доведете конкретната персона во заблуда но доколку персоната се доведе сама, вие не сте виновни! Најважно за такви ситуации е да не се дозволи ни случајно работите да излезат надвор од контрола, тоа, никако, не! И затоа, секој од присутните треба да направи сѐ што е во рамки на неговите можности за да не дојде до такво нешто.
Ситуациите од таков тип имаат силен комичен потенцијал. Темата ни е блиска на сите нас и во случајот, се разбира, функционира како комедија. Извадено е на површина се што е комично а тоа го има во изобилство, било како глума, било како свежи и сочни дијалози, било како општа приказна. Хуморот е спонтан, природен и брзо освојува. Сцената лесно комуницира со публиката.
Мисијата е многу едноставна: публиката да дојде, да ужива во претставата, да си отиде насмеана и задоволна, а утре на работа или во школо да каже каде била и колку убаво си поминала.
Играат: Таткото Доксе – Александар Микиќ,Мајката Грациела – Тања Кочовска,Ќерката Ана – Нина Деан,Тоше – Ивица Димитријевиќ.
Играат: Таткото Доксе – Александар Микиќ,Мајката Грациела – Тања Кочовска,Ќерката Ана – Нина Деан,Тоше – Ивица Димитријевиќ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …