(ФОТО) Репертоар на Театар Комедија од 2. до 8. мај

2. мај „Нешто пропуштаме“
„Нешто пропуштаме“ е претстава за една театарска група којашто нема добри идеи за претстава, а мора да и’ понуди атрактивни теми на странската фондација за да добие грант. Само тој грант може да им обезбеди нова продукција. Се работи за мал приватен театар во кој еден продуцент, двајца актери и една режисерка имаат голем проблем со усогласувањето околу идеите и темите кои ги предлагаат само за да добијат пари за претстава. Тие сакаат да направат нешто свое, но не им оди – нешто пропуштаат…
Играат:Сашко Коцев, Тања Мицков, Валентин Костадиновски – Тино, Жаклина Петровска, Столе Мицов.

 


 

3. мај „Вардарски пастуви“
„Вардарски пастуви“ е пиеса работена според сценариото на Симон Буве (се сеќавате на филмот „Фул Монти“?) и според пиесата „Дамите бираат“ од Ентони Мекартен и Стивен Синклер, но овој пат станува збор за сосема наш производ, пред се’ затоа што е сопствена продукција на Театар Комедија и затоа што се работи за скопска приказна за скопски ликови, во коишто секој може да се
препознае, а скопскиот урбан говор ја издвојува како самостојна драматуршка целина на која можат да и позавидат и Буве, и Мекартен и Синклер.
Приказната е современа и мејд ин Скопје. Станува збор за скопска маалска група другари – тифози, на кои најголема љубов им е ФК Вардар. Нивниот начин на живот на маргините и по хаусторите на Скопје, ги издвојува од корпоративниот свет и трката по успех, па во недостиг на финансиска моќ, а
потенцирано од нивните секојдневни проблеми (едниот има проблеми со жената, друг не може да
си фати девојка, третиот за да заработи служи како келнер итн…) стануваат апатични. Но, при една средба, еден од нив наоѓа оглас за работа: Се бараат млади, згодни, убави… за машки стриптиз.
Предупредување: Содржината нема сексуално експлицитна тематика, но може сериозно да ја возбуди женската публика, и не е препорачлива за лица под 17 годишна возраст…
Актери:Атанас Атанасовски – Џаро,Валентин Костадиновски-Тино – Брзи,Жарко Димовски – Жица,Илија Илиовски – Касап,Столе Мицов – Лепи,Едмонд Сотир – Роки,Крсте Јовановски – Шеф,Јелена Жугиќ – Лина.


5. мај „Жена ми се вика Борис“
„Жена ми се вика Борис“ е модерна фарсична комедија, дело на Рафи Шарт, еден од најпознатите современи француски комедиографи, чиишто текстови доживуваат неверојатен успех на театарските сцени насекаде низ светот. Познат по своите прецизни заплети, тој е еден од легитимните наследници на Жорж Фејдо. Неговата провокативна лиценција поетика лесно комуницира со публиката, а неговите карактери се огледало на животот што го живееме. Комедијата „Жена ми се вика Борис“ (со оригинален назив „Жена ми се вика Морис“) е современа хит-претстава со калабалак од заплети, замена на идентитети и мноштво луди ситуации кои се одвиваат со неверојатна брзина.
Инаку, овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија – проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото… – се вонвременски.
Играат:Борис – Сашо Ристовски,Алек – Роберт Ристов,Кристина – Мирјана Поповска Ристов,Ненад – Александар Михајловски,Марија – Жаклина Петровска,Јован – Столе Мицов,Соња – Ева Скендеровска.

6. мај „Дони Дарк“
Претставата говори за потребата за негова социјализација и моментот кога е веќе зрел и сака да се осамостои. Тука е неговата мајка, која смета дека го заштитува својот син, но истовремено му прави контрауслуга со нејзината посесивност. Претставата има многу комични елементи, но има и елементи кои болат, ќе ве замислат и ќе ви предизвикаат солзи. Таа не е типична комедија, јас би рекол сетилна комедија зашто изобилува со сите тие емотивни состојби…
Играат: Даријан Петров,Мирјана Поповска-Ристов, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски.


8. мај „Бракот е брак“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …