Среќен понеделник: BRIT FLOYD во Скопје!

“The World’s Greatest Pink Floyd Show” за прв пат во Македонија со ECLIPSE WORLD TOUR 2018!

Авалон Продукција со голема радост, возбуда и задоволство известува дека по настапите пред повеќе од милион фанови низ целиот свет, на 14. ноември со почеток во 20:30 часот, во ВИП Арена – Борис Трајковски ќе имаме можност да уживаме во нешто што е многу повеќе од најдоброто трибјут Pink Floyd шоу на светот.
BRIT FLOYD се посветени на тоа да го оживеат Pink Floyd во секоја нота и секој потег, поради што заслужено се сметаат за нешто најблиску до Pink Floyd.
Во Скопје носат исклучително прецизен музички перформанс придружен од неверојатно оригинално видео и анимација на препознатлива бина со пинк-флојдовскиот лак и светлосен круг, па затоа подгответе се за совршено аудио и визуелно доживување на легендарните песни од “The Piper at the Gates of Dawn” па се до “Division Bell”.


Се разбира, со заслужен третман ќе биде изведен и сечиј омилен албум “Wish You Were Here”, како и легендарниот “The Dark Side of the Moon”, кој оваа година слави 45. години.
Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени овде, во 21 часот.
Важно е и да се напомене дека Brit Floyd доаѓаат со своја продукција: звук, светло и видео.


Одиме понатаму. Заедно.Порачуваат од Авалон Продукција

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …