(ВИДЕО) Стефан Величковски направи грешка, судиите во „Ѕвездите на Гранд“, му се изнасмеаа, но „ги победи“

Музичкото натпреварувачко шоу „Ѕвездите на Гранд“ полека но сигурно ги врши своите елиминации, па така беше и во саботата кога изведувачите се бореа за пласман во четвртото коло…
Во саботното издание на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ во првиот дуел настапуваше и Македонецот Стефан Величковски од Скопје.
Стефан се претстави со песните „Ти си ми у крви„ од Здравко Чолиќ и „Срце није камен“ од Тоше Проески.
Кога, Стефан започна да ја пее песната од Чолиќ од трема го згреши текстот, па наместо да запее „Погледом ме милијуеш, к’о да ме додирујеш“ запеа „Погледом ме милијуеш к’о да ме узбуџујеш“, а жирито се изнасмеа.
„Јас морам да кажам дека кандидатот имаше многу трема, дури и го заборави текстот, па ние суфлирафме“, изјави водителката Сања Кужет.
Но, Стефан иако освои шест гласови, помина во четвртиот круг.
Неговиот настап започнува на 00:06:30.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …