Бијонсе повторно успеала да направи целиот свет да говори за неа – на настапот на најпопуларниот музички фестивал на светот,Coachell, Бијонсе ги собрала „Destiny’s Child“ и со бившите колешки од бендот ги извела нивните најголеми хитови како Independent Women и Say My Name.
Мишел Вилијамс и Кели Роланд и се придружиле на Бијонсе додека го изведувала самостојниот хит Drunk In Love и после тоа ги потсетиле посетителите на хитовите од почетокот на 2000. ттите.
„Моите сестри!Ве молам аплауз за Кели и Мишел“ викнала Бијонсе во еден момент. Освен нив на сцената во еден момент се придружила и сестрата Соланж и сопругот Џеј Зи.
Destiny’s Child се распаднале во 2003. година, а иако сите девојки се обиделе да остварат соло кариера, најуспешна во тоа била, секако, Бијонсе.Во 2013. година накусо повторно се собрале за да запеат на Супер Болот.