Нарацијата во уметноста и филмот, разговор со Румена Бужаровска и Ана Василева

На 22 септември, со почеток од 17:30 часот, во битолска „Магаза“, Румена Бужаровска и Ана Василева ќе поразговараат за нарацијата во уметноста и филмот, како дел од меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки“. На македонската јавност Бужаровска и Василева ѝ се воедно познати како дуото што стои зад прочуената иницијатива за раскажување женски приказни, „ПичПрич“.

„Никаде не одам“, „Мојот маж“ и „Осмица“ од Румена Бужаровска – едни од најчитаните и најпреведуваните збирки раскази во нашата земја – се одлична илустрација за визуелниот јазик на раскажувањето, а и за други теми што ќе ги опфати овој едночасовен дијалог.


Ве очекуваме сите во битолска „Магаза“, каде што ќе се обединат книжевноста и филмот, и сите останати точки на квалитетен разговор, со ветување да прерасне во традиција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави поранешниот македонски кајакар Лазар Поповски

Лазар Поповски е роден на 19 мај 1975 година во Скопје. Тој е поранешен македонски …