Познатиот турски актер ни покажа како се грижи за својот физички изглед

Харизматичниот турски актер, Екин Мерт Дајмаз, на македонската јавност и е многу добро познат по неговите исклучителни изведби во сериите „Бура од тајни“ и „Животот е убав“. Неговите извонредни улоги му донесоа голема препознатливост во индустријата и огромен број на обожаватели ширум целиот свет, а неговиот привлечен изглед и шармантна личност со сигурност го прават вистински срцекршач и на екранот и надвор од него. Тој секогаш плени со својот изглед и неодамна на Инстаграм сподели фотографии и видеа како вежба во фитнес центри, со што ни откри дека често посетува теретана и е посветен на грижата за својот физички изглед.

Освен на Инстаграм, заводливиот актер можеме да го гледаме и во „Бура од тајни“ каде ја презема централната улога на Шахин како еден од браќата Турабоглу. Екин со неговата висока, згодна и атлетска фигура совршено го отелотворува духот на 25-годишниот мистериозен лик. Шахин е самостоен, предводен од неговата тврдоглава и независна природа. Тој зрачи со самодоверба и преферира да биде сам. Неговата непоколеблива посветеност на личната слобода и самооткривање го издвојува од другите ликови, правејќи го лик чие патување гледачите со нетрпение го следат. Екин извонредно ја портетира сложената личност на Шахин, правејќи го централна и незаборавна фигура во „Бура од тајни“. Магнетното присуство на Екин во емоционалната серијата ги освои срцата на милион гледачи ширум светот.


Тој, исто така, е впечатлив во улогата на Саваш во серијата „Животот е убав“. Исполнета со емоции и дилеми, неговата приказна остава траен впечаток кај гледачите. Тој продолжува да ја плени публиката со својот шарм дури и кога е заплеткан во љубовен триаголник. Постојано се прашуваме дали Саваш ќе го освои срцето на Зарифе?
Двете серии с еприкажуваат на Дизи

Обожавателите на Екин ги очекуваат возбудливи пресврти секоја вечер во 20:00 часот во „Бура од тајни“ и во „Животот е убав“ во 21:40 часот на Дизи Македонија. Не ги пропуштајте новите епизоди!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …