Концерти на ФОЛТИН во Куманово, Штип и Струмица

Групата Фолтин ќе одржи три самостојни концерти, во Куманово, Штип и Струмица. Во Куманово во Големата сала на НУЦК на шести септември, во Штип – НУЦК Голема сала на 13ти, и во Струмица – НУЦК Голема сала на 21ви септември.

Фолтин имаат континуитетот од скоро 30 години концертно присуство пред домашната и меѓународна публика, а не ретко настапуваат и во помалите средини. На концертите ќе бидат изведувани и постарите песни на Фолтин, но и песните од последниот албум, „Симултан бакнеж“.


Концертите се организираат со поддршка на Министерство за култура и во соработка со центрите за култура во Куманово, Штип и Струмица.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …