Вечерва во Велес започнува Фестивалот на Џез, World и Современа музика

Почнувајќи од денес па се до 13 септември во Велес, во организација на “Арт Генератор” по втор пат ќе се одржи фестивалот за “Џез, World и Современа музика”. Фестивалот е основан и финансиран од Општина Велес. Овогодинешното издание станува интернационално. Ќе настапуваат групи од Хрватска, Грција, со гости од Германија, Австралија и се разбира Македонија.

Првата вечер на (01.09. 2023 год.) е предвидена за Jazz музика, настапуваат “Reel Problems” од Хрватска на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот.
По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапи Бојан Чакра со DJ Vinyl set кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.


Втората вечер (02.09. 2023 год) е посветена на современата музика, настапуваат “КЕМ” и “Пијан Славеј” на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот. По завршувањето на концертите, на паркингот на театар Ј.Х.К Џинот – Велес ќе настапи Андреја Салпе со DJ set, кој ќе биде пропратен со видео мапинг на Борче Конзулов.

Третата вечер (03.09. 2023 год) е посветена на 80 годишнина од смртта на великанот на Велес, Коста Солев Рацин.
Ќе има концерт на Dine Doneff: “Dine Doneff Nered music Trilogie” од Грција во три етапи. Првиот дел ќе се одржи во спомен Костурницата во Велес, со почеток 18:00 часот. Следните две етапи се на големата сцена во театар Ј.Х.К Џинот – Велес, со почеток во 20:00 часот.
По завршувањето на концертот, на паркингот на театар Џинот – Велес ќе настапат: “Aspirin Moon” музичко дуо со слем поетри, кои ќе бидат пропратени со визуелен перформанс на театар “Сенки и Облаци”.


Четвртата вечер (06.09.2023 год) е резервирана за отворање на изложба на Фотини Потамиа и концерт на Бојан Петков – Шамба во Europe House Велес.
(13.09.2023 год.) Затворање на изложбата и концерт на Dine Doneff и Јордан Костов во Europe House Велес.

Со организирање на овој фестивал, имаме за цел да придонесеме децентрализација и деметрополизација на културата и уметноста и пласман на квалитетни соджини и затоа сметаме дека овој фестивал е од исклучителна важност за Велес, велат организаторите на овој извонреден настан.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …