Настап на улични живи статуи „Центарски улици“

Уличните живи статуи на Театроск, како заокружница за овогодинешната европска турнеја која ова лето ја имаа во повеќе држави, за крај на летната сезона ќе ги украсат улиците на центарот на Скопје и тоа, овој пат, токму под името „Центарски Улици“.

На 1 и 2 септември од 19 – 21:30 часот на ул. „Македонија“ со неколку актови артистите – улични живи статуи ќе ја разиграат најпрометната центарска пешачка зона и на посетителите на центарот на градот ќе им ја раскажат приказната за Центарските Улици и живите статуи на нив.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …