Хотелот Joule во центарот на деловната област Далас во американската сојузна држава Тексас стана туристичка атракција меѓу странците, но и локалните жители. Причината се крие во необичната положба на застаклениот базен, кој се наоѓа на 10-ти кат од зградата.
Тој е „исфрлен“ на приближно 2,5 метри од останатиот дел од зградата и изгледа како да виси над прометната улица. Похрабрите ќе допливаат до крајот на базенот, ќе погледнат надолу и ќе се чувствуваат како да лебдат по врел асфалт.
Базенот е вистинска мала сина оаза во средината на бетонската џунгла во Далас. Затоа, не е чудно што се етаблира како популарно место за собирање во летните месеци за гостите на хотелот, но и за жителите на Далас, кои имаат можност да уживаат во него за 50 долари (колку чини билетот).
View this post on Instagram
„Joule“ е луксузен хотел со 161 соба именуван по единицата за мерење на енергија (џул). Дизајнерот Адам Д. Тихани го украсил на модерен начин во неоготска зграда од 1920-тите. Тој е полн со интересни уметнички дела, вклучувајќи неколку дела на Енди Ворхол.
Покрај необичниот базен, вниманието на посетителите го привлекува и необичното уметничко дело сместено пред зградата – девет метри висока скулптура на око од Тони Тасет.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram