(ВИДЕО+ФОТО) ДЛАБОКО Е 115 МЕТРИ – Природно чудо: Дали би се осмелиле да се нурнете во „Окото на земјата“

Изгледа како очно јаболко
Природата создава чуда, а „Окото на Земјата“ е само едно од нив. Се наоѓа на само 7 километри од селото Врлица во Далмација, на изворот на реката Цетина.


Оваа река тече дури 105 километри додека не се спои со Јадранот во старото пиратско пристаниште Омиш. Самата река излегува од планините Динара, каде што подземните води формираат лавиринт од потоци пред да избијат на светлина, формирајќи кристални и модро-сини лагуни. Една од нив наликува на очно јаболко, па покрај официјалното име Велико врило, го добила и прекарот „Окото на земјата“.


Кога доаѓаат топлите летни денови, ова е омиленото место за капење на локалното население. А неговата вода е толку проѕирна што може да се види дното, односно само ќе ви се чини дека го гледате. Станува збор за оптичка илузија на природата во која се крие подводна пештера со непозната големина.
Според проценките на нуркачите и спелеолозите, неговата длабочина е околу 115 метри, но како што тврдат мештаните од околните градови, најдобар начин да се „ѕирне“ во овој заштитен хидролошки ресурс од 1972 година е да се искачите на соседниот рид.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …