Силвестер Сталоне ја доживеа најголемата загуба во животот која никогаш не се заборава
Гледајќи го Силвестер Сталоне, гледаме среќен маж опкружен со прекрасни ќерки кои го обожаваат и 25 години помлада сопруга која е секогаш тука за него. Но, вистината е дека никогаш не знаеме што се случува во туѓа глава, во туѓо срце и никогаш не треба да им завидуваме.
Силвестер и Џенифер имаат три ќерки, Софија, Систин и Скарлет. Трите убавици се исклучително приврзани за својот татко, кого често го следат на црвениот тепих, но дали знаевте дека Силвестер има деца и од првиот брак?
Со првата сопруга Саша Чак, Силвестер го добил синот Сејџ, кој доживеал срцев удар и починал на лице место на 36-годишна возраст! Силвестер тогаш рече дека нема поголема болка на овој свет. Дека таквата загуба не може да се заборави, замени или ублажи.
Во официјална изјава, популарниот Роки тогаш рече:
„Ниту една болка не е посилна од тоа кога родител ќе изгуби дете. Затоа ги молам луѓето да покажат почит кон споменот на мојот талентиран син и да сочувствуваат со љубовта на неговата мајка Саша. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашиот живот. Сејџ беше нашето прво родено дете и центар на нашиот универзум и понизно ве молам да не ги вознемирувате душата и сеќавањето на мојот син“.
Сталоне беше уште повеќе повреден од фактот што години пред смртта на Сејџ беше во лоши односи со него. Имено, откако Сталоне и Саша се разведоа, Сејџ не сакаше да разговара со својот татко, но подоцна ги закопаа секирите и почнаа да работат заедно на неколку проекти.
Саша и Сталоне имаат уште еден син, Серж, кој боледувал од аутизам на рана возраст. Актерот и неговиот син се појавија во јавноста само еднаш, на насловната страница на магазинот People во 1982 година. Оттогаш, Серж е во потполна медиска илегала.
Меѓутоа, агонијата на Силвестер Столоне продолжила кога се родила неговата прва ќерка Софија. Имала и малформација на срцевиот залисток, па била оперирана кога имала само 2 години. За среќа, се’ се завршило добро и сега таа е среќна девојка, а нејзината мајка Џенифер често знае да каже дека Софија е најслична на Силвестер, дека ги има сите негови движења.
Силвестер е многу близок со своите деца, но во текот на животот се бори со голема тага поради нивните болести и загубата на најстарото дете.
Фото: Архива