(ВИДЕО) КАМЕРИТЕ СНИМАЛЕ СЕ – Роналдо потполно ја засенил Георгина за нејзиниот роденден, славеничката не можела да го сокрие разочарувањето

Вереницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез го прославила својот 29-ти роденден, но изгледа забавата не испаднала како што таа замислила.
Имено, Георгина и Роналдо не влегле заедно во луксузниот ресторан каде што била организирана прославата. Прво со децата влегла Георгина со сериозен израз на лицето, а Португалецот со пријателите.


И додека влегувале во ресторанот сите го фотографирале Роналдо, додека Георгина била целосно игнорирана.
По вечерата стотици фанови го пречекале Роналдо пред ресторанот, а Георгина повторно паднала во втор план.

Георгина се уште не открила што добила од својот вереник за роденденот, а овој Божиќ таа нему му подарила скап Ролс Ројс.
Сепак, Георгина на нејзиниот профил на Инстаграм споделила серија фотографии од прославата…

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …