(ФОТО) Продадено – и тоа за речиси 500.000 долари повеќе од проценката

Фустанот со боја на модар патлиџан што го носела принцезата Дијана е продаден за 604.800 долари (што е околу 556.000 евра) по жестоко наддавање.
Ова го објави аукциската куќа „Сотеби“ на Твитер
„ПРОДАДЕНО! Иконскиот фустан на принцезата Дијана, од дизајнерот Виктор Еделштајн достигна цена од 604.000 долари, речиси 500.000 долари над проценката, по жестоко наддавање во аукциската куќа #SothebysNewYork“, се вели на Твитер.
„Сотеби“ нагласил дека фустанот ја запечатил неговата судбина како највредниот фустан некогаш продаден на аукција.
Проценет помеѓу 80.000 и 120.000 долари, тој бил дел од колекцијата од 80 фустани на принцезата Дијана кои беа продадени на аукција во 1997 година за добротворни цели. Тогаш креацијата на Еделштајн беше продадена за 24.150 долари. Не откриле кој е новиот сопственик.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Драмски театар – Скопје распиша конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за драмско дело на автори до 30 години

Драмски театар отвори јавен повик за драмски текст, за востановената награда „Горан Стефановски“, за најдобар …