НА 47 ГОДИНИ – Починала ѕвездата на „Supernatural“: Ники Ајкокс боледувала од леукемија

На својот Инстаграм профил, актерката секојдневно го споделуваше своето патување по здравјето со своите следбеници
Ѕвездата на „Supernatural“ Ники Ајкокс (Ники Ајкокс) почина на 47-годишна возраст.
– Почина мојата убава, паметна, бестрашна, неверојатно талентирана и сакана снаа, Ники Ајкокс Рааб. Мојот брат Мет Рааб беше со неа. Ники и Мет имаа прекрасен заеднички живот во Калифорнија. Таа дефинитивно беше борец и сите што ја познаваа ја сакаа“, напишала Сузан Рааб Чеклоски на Фејсбук и споделила фотографии од Ники со сопругот и нивните две деца.

На Ники, која ја играше Мег Мастерс во фантастичната драмска серија, ѝ била дијагностицирана леукемија во 2020. година.
На својот Инстаграм профил, актерката секојдневно го споделувала своето патување по здравјето со своите следбеници и ги информирала за хемотерапијата, операцијата и одржувањето на позитивен став.


Ники ја објавила веста за болеста во март 2021. година, пишувајќи: „Многу ми се слоши и мислев дека имам ковид, но работите се искомплицираа. Завршив во болница со дијагноза на леукемија“.


Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …