ФИЛМОТ „ГОЛЕМАТА НОЌ“ НА MIDPOINT SHORTS ВО ПРАГА

Најновиот проект во развој на ОХО Продукција, краткиот игран филм „Големата ноќ“, учествуваше на интензивните сесии за развој на сценарио и пакување на проект од тековната програма на MIDPOINT Shorts во Прага, Република Чешка од 13 до 18 ноември 2022 год.

This image has an empty alt attribute; its file name is oho-produkcija.jpg
Креативниот тим на „Големата ноќ“ составен од Батухан Ибрахим – режисер, Никола Кузелов – сценарист и Илија Тирицовски – продуцент, изминатата недела гостуваше во Прага како дел од етаблираната програма за развој на кратки играни филмови MIDPOINT Shorts, а по извонредните коментари од стручната јавност, своето учество во програмата ќе го продолжи во јануари со настап на големата копродукциска платформа Where East Meets West во Трст, Италија, каде ќе има можност да го претстави филмот пред потенцијални копродуценти и селектори на филмски фестивали.
Филмот е приказна за две тинејџерки кои во една вечер поминуваат низ институционална авантура, соочувајќи се со културните разлики меѓу Балканот и Западна Европа.


„Филмскиот проект беше презентиран на повеќе филмски форуми изминатава година и секаде добива позитивни реакции, посебно околу визијата на Батухан Ибрахим, млад филмски режисер со неколку успешни студентски и независни филмови.“ – вели продуцентот Тирицовски.


MIDPOINT Shorts е комплексна програма посветена на развој на сценарија на кратки филмови во Европа, со конекции од витално значење за филмската индустрија. Со помош на искусни и докажани ментори за сценарио и професионален развој на проекти, програмата ги води проектите на нивниот пат до големите филмски фестивали.
Филмот „Големата ноќ“ е во продукција на ОХО и е поддржан од Агенција за филм на Република Северна Македонија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …