ВО 50. ГОДИНА – Починал Џејсон Дејвид Френк, актерот од серијата „Power Rangers“

Џејсон Дејвид Френк, американски актер и мајстор за боречки вештини, кој е најпознат по улогата на Томи Оливер во популарната серија „Mighty Morphin Power Rangers“, починал на 50-годишна возраст.
Френк е роден на 4. септември 1973. година и првично го играл Green Ranger помеѓу 1993. и 1996. година, по што ја презеде улогата на Белиот ренџер во втората сезона. Својата улога ја репризираше во сезоните „Дива сила“, „Турбо“, „Зео“, „Дино Тандер“, „Мегафорс“ и „Хајперфорс“. Во 2017 година, тој работеше на рестартирањето на „Power Rangers“, а последен пат се појави во 10-тата епизода од сезоната „Power Rangers Super Ninja Steel“ една година подоцна.

View this post on Instagram

A post shared by Jason David Frank (@jdfffn)


Покрај актерската кариера, Френк се испроба и како ММА борец. Своето деби во октагонот на организацијата УФЦ го имаше во 2010 година.


View this post on Instagram

A post shared by Jason David Frank (@jdfffn)


Неговиот филм „Легендата за белиот змеј“ ќе излезе следната година.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …