(ФОТО) Пике на романтичен состанок со новата девојка: Изгледот на нејзиното лице поттикнал прашања за нивната врска

Жерар Пике повеќе не крие дека е лудо вљубен во студентката Клара Чиа Марта, поради што стави крај на 11-годишната врска со колумбиската пејачка Шакира.
Има 12. години разлика помеѓу 23-годишната студентка и 35-годишниот фудбалер кој претходно наводно и бил неверен на мајката на неговите синови.
Спортистоткоја е дел од неговиот ПР тим неодамна ја однел на романтична вечера во јапонски ресторан во Шпанија, а нејзиното малку тажно и нерасположено лице привлекло внимание, поради што некои медиуми едвај чекале да напишат дека нивната врска е веќе во криза.
Сепак, Пике ја покажал и својата џентлменска страна, па пред ресторанот и ја придржал чантара на својата сакана.

Нивната средба се случила неколку дена откако тој се договорил со поранешната партнерка за старателството над синовите Милан и Саша.
Средбата меѓу поранешната двојка и адвокатите траела маратонски 12 часа, откако пејачката изразила желба во 2023 година да се пресели со децата во Мајами, каде што живее нејзиното семејство, откако ги поминала последните осум години во Барселона.
– Нашата единствена цел е да им обезбедиме на нашите деца најголема безбедност и заштита. Се надеваме дека ќе можат да продолжат со своите животи во безбедна и мирна средина“, рекла поранешната двојка во заедничката изјава за E! News.



Така, фудбалерот ќе може да поминува 10. дена месечно со своите деца, како и за време на сите празници. Овој Божиќ двојката ќе има 50:50 старателство според календарот на регионалната каталонска влада, а во наредните години тоа ќе го прават според детскиот училишен календар.

Извор:story.hr

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …