Телеком со новогодишната кампања „Како си“ повикува овие празници да се погрижиме дека сите се добро

 Кампањата започна истовремено во повеќе држави и ги поттикува луѓето ширум Европа да се слушнат со најблискитево текот на празниците

Празниците се период од годината кога се поврзуваме со оние кои најмногу ни значат. На крајот на уште една година на неизвесност, никогаш не било поважно да провериме како се нашите сакани. Оваа кампања укажува напотребата одсоцијална поврзаност и важноста на грижата и вниманието кон најблиските преку едно едноставно прашање: „Како си?“.


Многумина од нас имаа тешка година. Повеќе од кога било, луѓето се загрижени за иднината. Особено сега е важно да се слушнеме и да бидеме тука едни за други. Оваа кампања е пријателски потсетник дека е време да се слушнете со Вашите најблиски и да проверите дали се навистина добро.

Кампањата ќе се одвива во 9 земји меѓу кои Македонија,Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Црна Гора, Словачка, Полска и Романија.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ

Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на …