На социјалните мрежи секогаш брзо се шират ВИДЕА од швалери како висат од прозорци или тераси на високи згради, кои бегаат од гневните сопрузи.
Посебно ако швалерот е во бегство – гол „како од мајка роден“.
Една таква снимка повторно се шири на социјалните мрежи.
Навистина, видеото е старо и не се знае каде е снимено, но јасно е дека овој човек длабоко се покајал што се сплеткал со туѓа сопруга.
Nije lako biti švaler pic.twitter.com/a8LbhO2WSy
— Zgubidan (@_Gilipter_) August 28, 2022
Несреќниот човек не само што висел од прозорецот целосно гол, туку неговата авантура имала сериозни последици. Рацете на швалерот му попуштиле па тој паднал од голема височина. Некаде по пат удрил во приклучната единица на клима уредот и се струполил врз контејнерот а потоа на асфалтот.
Не се знае степенот на повредите, но секако било крајно болно.
Фото: Принтскрин/Twitter