(ФОТО) Фустанот од доделуваањето на MTV наградите за кој се зборува: Пејачката облекла ќеси?

Пејачката дефинитивно не остана незабележана
Њу Џерси беше седиштето на светската музика синоќа кога се одржа доделувањето на MTV Video Music Awards. Црвениот тепих собра бројни познати личности, а тие се тркале да откријат кој ќе ја носи најспектакуларната тоалета.
Ѕвездите биле водени од различни инспирации, а една посебно се истакнала синоќа.
Американската пејачка Лизо се појави во фустан на Jean Paul Guerlain кој, би се рекло, привлече најголемо внимание. Пејачката на црниот тепих се појави во огромен, надуен, црн фустан со раменици, кој го носеше и со црни ракавици. Она што на многумина им беше чудно е тоа што материјалот на фустанот наликувал на ќеса за ѓубре.

This image has an empty alt attribute; its file name is fustan-od-mtv-1-991x1024.jpg


За уште поголема екстраваганција, Лизо ја залижала косата наназад и носела црн кармин на усните.

Фото и извор: novosti.rs


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, уживајте во убавото пролетно топло време се до …