(ВИДЕО+ФОТО) Ирина Шајк и Бредли Купер збуниле со новите фотографии: Дали парот се смирил?

Ирина Шајк објави нов сет фотографии, а една особено ги збуни нејзините следбеници
По неодамнешната објава на социјалната мрежа Инстаграм, Ирина Шајк ги натера многумина следбеници да се запрашаат дали се смирила со Бредли Купер.
Манекенката сподели серија фотографии од Бахамите, а на една од нив е во друштво на Бредли од кого раскина во 2019. година.
На една снимка Ирина лежи на песок, на друга ги храни свињите, а особено се истакнала фотографијата на која е потпрена на рамото на Бредли. Изгледа одлично се забавуваат заедно, иако се само на пријателски одмор со ќерката Леа (5).

View this post on Instagram

A post shared by irina shayk (@irinashayk)


Ирина (38) изгледа неверојатно во цветен дводелен костим за капење кој го истакнал нејзиниот затегнат стомак. Заедно со костимот за капење таа носи црно мрежесто здолниште кое само уште повеќе го истакнало нејзиниот прекрасен изглед.
Врската на парот траеше пет години. Од официјалната разделба, тие се видени неколку пати, главно да бидат со малечката Леа.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …