(ВИДЕО) Хрватски град избран за најубав крајбрежен град во Европа

Списанието Conde Nast Traveler ја издвоило листата на најубави крајбрежни градови во Европа, а на прво место го издвоиле Ровињ – односно Истра во целина.
На листата се најдоа најубавите крајбрежни локации во Европа, а по Истра се и плажата Салеќа на Корзика, островот Фавињана во Италија, Ваденското Море во Данска, Поркерол во Франција, Антиб во Франција, Фуертевентура на Канарските острови во Шпанија.
Исто така тука се и Компорта во Португалија, Посилипо во Италија, Коста да Морте во Шпанија и Островите Лофотен во Норвешка.
Уредниците на Conde Nast Traveler го опишале хрватското крајбрежје со зборовите: „Мека, топла вода наспроти ненадејните слоевити карстни карпи“.
„Се врти околу урнатините на империите, духовите на 20. век, преклопувајќи го минатото и иднината“, напишал еден од уредниците на магазинот, нагласувајќи дека оттогаш се враќа на оваа дестинација, посетувајќи ги островите Хвар и Вис.
Градот Ровињ е опишан како „речиси остров, каде што морето е врамено меѓу средновековните ѕидини покрај водите во кои децата скокаат како да се на аудиција за филмот на Антониони“.
„Брегот е замаглен од борови шуми и мали заливи, а меѓу дрвјата се зомби урнатините на клубовите на плажата од седумдесеттите години, бетонски маси за пинг-понг кои полека тонат во грмушките“, понатаму ја опишуваат оваа дестинација.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …