Концерт на гудачки квартет „Пламенка Трајковска“ во Истанбул на 13. јуни

Пламенка Трајковска – гудачки квартет ќе реализира ексклузивен концерт во Истанбул, Турција. Концертот ќе се реализира на 13 јуни во 19 часот во Православната црква Пресвета Богородица во Истанбул на покана на Светата Архиепископија на Константинопол во општина Јеникој. Концертот е во чест на Неговата Света Светост Екуменски Патријарх Вартоломеј и промоцијата на книгата ,,Од Имврос до Фанари Патријархот Вартоломеј”.

This image has an empty alt attribute; its file name is Plakat-Istanbul-Plamenka.jpg


Во гудачкиот квартет покрај виолинистката Пламенка Трајковска ќе настапат и Сандра Крстевска на виола, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

На програмата се класични композиции, композиции инспирирани од македонскиот фолклорен мелос и авторски дела на Пламенка Трајковска.


This image has an empty alt attribute; its file name is P.-Trajkovska-string-quartet.jpg

Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска досега реализирал голем број на концерти на сите сцени во Македонија и на најзначајните фестивали кај нас како: Скопско лето, Битфест, Штипско лето, Петровденски ракувања, Топол културен бран, Караманови средби, Кавадаречка културна есен, Велешко културно лето и многу други манифестации. Членовите на гудачкиот квартет реализирале концерти во Хрватска, Грција, Србија, Бугарија, Франција и Танзанија.


Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура, Културно информативниот центар во Истанбул и Светата Архиепископија на Константинопол.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …