Се ближи летото и времето за одмор – ви носиме листа на парчиња кои мора да се најдат во вашите куфери
Актуелните трендови доаѓаат и си одат – некои парчиња носиме неколку пати и тие веќе стануваат старомодни, додека други стануваат безвременски класици. Кога се пакуваме за на море или не сме во можност да одлучиме што точно да купиме, најдобро е да ги избереме оние кои се доволно ефектни и модерни, но од друга страна лесно се вклопуваат во разни стајлинзи.
1. Бел фустан
View this post on Instagram
Ништо толку не потсетува на лето како лелеавиот бел фустан. Од толку различни кроеви, одберете го оној кој најмногу ви одговара и во кој се чувствувате најудобно. Без разлика дали е долг или краток, со пошироки ремени или без – никогаш нема грешка со него. Можете да го комбинирате со апсолутно сè. Од плажа до вечерно излегување, одговара на секоја пригода.
2. Здолништа на преклоп
View this post on Instagram
Здолништата на преклоп или wrap здолништата беа многу популарни во раните 2000-ти, а сега се враќаат. Тие се подеднакво ефикасни без разлика дали носите штикли, сандали или патики. Со маичка или топ – сеедно, овој модел ќе даде посебен печат на секоја комбинација и совршено ја истакнува женската фигура.
3. Плетена чанта
View this post on Instagram
Чанти направени од ратан или друг сличен материјал претходно се користеа исклучиво за купување намирници. Сепак, денес тие стекнаа голема популарност, па дури и најпознатите светски модни куќи ги претставуваат во своите летни колекции во различни бои, форми, големини …
Најголемата предност на овој модел е што лесно може да се комбинираат во сè – со долги и лелеави фустани, фармерки, аутфити на плажа, а може да се носат дури и во вечерни варијанти во мини-верзија.