Една од најпопуларните теленовели прикажани на нашите простори е „Руби“, приказна за убава, сиромашна студентка која сака да се збогати за да живее во луксуз.
Оваа популарна сапуница сега е достапна на Нетфликс и моментално може да се гледа во Америка, а според најавите наскоро ќе биде достапна и во Европа.
Особеноста на оваа серија лежи во тоа што главниот лик Руби, кој го игра Барбара Мори, е всушност негативен, но сепак ја доби наклонетоста на публиката.
По улогата во култната сапуница, Барбара имаше и голем број други филмски и телевизиски улоги, но иако нејзиниот успех не се повтори, нејзината популарност не стивнува.
View this post on Instagram
Мори, која ја отелотвори фаталната Руби во 2004. година, денес има 44. години и судејќи по коментарите на нејзините обожаватели на Инстаграм – таа е поубава од било кога.
View this post on Instagram
Таа стана баба пред неколку години а обожавателите често и пишуваат дека дефинитивно е најубавата баба на светот.
Фото: Принтскрин/YouTube