Патриша Кранвинкел, жената која најдолго во историјата е во затвор во Калифорнија, наскоро би можела да биде ослободена.
Патриша била дел од „Семејството“, култ предводен од масовниот убиец Чарлс Менсон и учествувала во едно од најужасните убиства што ги извршила групата.
Патриша денес има 74. години, а кога го запознала Менсон имала само 19. години. Пред тоа го преживеала злоставувањето, поради што веднаш го следела Чарлс и се приклучила на неговата група. Тој бил, како што таа подоцна рекла, првиот маж кој и кажал дека е убава.
Две години подоцна, во 1969. година, таа учествувала во убиството на бремената актерка Шерон Тејт, која од породувањето ја делеле само неколку недели. Тогаш беа убиени Тејт, нејзиното неродено дете, фризерот Џеј Себринг, богаташката Абигејл Фолгер, нејзиното момче Војчех Фриковски и пријателот Стивен Перент. Тејт, една од најубавите актерки на сите времиња, беше во брак со режисерот Роман Полански, но тој не бил дома бидејќи снимал во Европа.
Патриша лично ја избодела Абигејл Фолгер, а кога на суд ја прашале како се чувствувала за време на страшниот чин, таа сите ги замрзнала со одговорот.
– Ништо, што имам да опишувам? Ја бодев повторно и повторно. Едноставно бев таму и чувството беше вистинско – рекла таа.
Учествувала во уште две убиства следната вечер. „Семејството“ упаднало во куќата на повозрасна двојка Лена и Розмери Лабјанка и ги избодела со нож. Патриша со нивната крв напишала навреди на ѕидовите.
Од нејзиното апсење и обвиненијата за седум точки за убиство од прв степен, на Патриша 14. пати ѝ било одбиено ослободување од затвор со условна казна. Но, сега одборот за условни казни наведува дека олеснителни околности се дека била многу млада и подложна на влијанија кога ги извршувала убиствата, како и нејзината возраст сега. Адвокатите на Патриша тврдат дека таа се променила во затворот и дека повеќе не претставува опасност за околината.
Чарлс Менсон почина во затвор во 2017 година, на 84-годишна возраст.