Перси Роберт Милер (52), американски рапер попознат како Мастер Пи, објавил дека починала неговата ќерка Татјана Милер (29), која долго време се борела со злоупотреба на дрога и страдала од психички проблеми.
Трагичната вест раперот ја објавил на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Нашето семејство се бори со голема тага поради загубата на ќерка ми Татјана“, напишал тој. „Со почитување бараме малку приватност за да може нашето семејство да тагува. Ги цениме сите молитви за љубов и поддршка. Менталните болести и злоупотребата на супстанции се проблем за кој не смееме да се плашиме да зборуваме. Се’ ќе го надминеме со Бога. #Мојот ангел“, стои во соопштението.
View this post on Instagram
Братот на Татјана, Ромео, исто така ја сподели најавата за смртта на неговата сестра.
„Нашето семејство се справува со големата тага поради загубата на мојата помала сестра Татјана“, напишал Ромео. „Со почит бараме малку приватност за да може нашето семејство да тагува. Ги цениме сите молитви, љубов и поддршка, и иако ова се тажни времиња, јас сум засекогаш благодарен за спомените што ги имав со мојата неверојатна сестра. Љубов за вашите најблиски, животот е краток“, напишал тој.
View this post on Instagram
Милер станал познат во средината на 1990-тите со неговиот бенд TRU, како и со неговиот петти соло албум „Ice Cream Man“. Неговиот сингл “Make ‘Em Say Uhh!” во 1997. година стигна до платинестиот тираж, а досега има снимено над 15. албуми.
Фото: Принтскрин/Instagram