Ким Кардашијан неодамна на Мет Гала „влезе“ во фустанот од пет милиони долари што го носеше Мерлин Монро, златната дива на Холивуд, а овој пат реши да го пресоздаде изданието на уште една позната убавица – Моника Белучи.
Ким на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во необично, сензуално издание, иако закопчана од глава до пети, а на кои ја видовме славната Италијанка пред три децении.
View this post on Instagram
Имено, реалната ѕвезда ги покажа своите бујни облини и тенок струк во винтиџ бордо плишан корсет, кој доаѓа во комплет со предимензиониран кардиган. Под корсетот носела и црно здолниште и црни ликра хеланки, а изданието го комплетирала со елегантна, но ноншалантна, малку разбушавена пунџа.
Станува збор за креација на брендот Dolce & Gabbana, а интересно е што Моника Белучи за прв пат му ја покажа на светот на ревијата на оваа италијанска куќа, во далечната 1991. година. Познатата Италијанка, тогаш на само 27. години, овој корсет го носеше токму на ист начин како и денес Ким, а старлетата дури и ја „симнала“ фризурата на Моника.
Очекувано, ова предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, но и поделени мислења. „Кога некој ќе и забрани вака да ги валка имињата на жените“, „Јас да сум Моника ќе ја тужев“, „Ова е срамота“, „Зошто мисли дека е во лигата на Моника“, „Можеби е добро да го облече ова, и да види дека на Моника не и е ниту до малото прсте“, „Изгледа како кловн и аниматор во циркус“, „Ова е сквернавење на жена како Белучи“, „Дали Моника сега седи и плаче? Затоа што ќе плачев ако некој ме понижи вака“, се само некои од коментарите во сличен дух.
Фото: Архива