Актерката Кораима Торес, која кај нас се прослави со улогата на легендарната Касандра во истоимената серија, ги загрижи сите свои следбеници на Инстаграм.
Имено, таа најпрво објави кратко видео на кое се гледа дека е во болница и дека има цевки за носење кислород.
View this post on Instagram
Многумина се запрашале што и се случило, а таа денеска откри за што се работи, но и дека си оди дома.
– Бев во болница поради респираторни проблеми. Ќе ги контролирам и сега конечно си одам дома. Сега ќе внимавам многу повеќе. Ви благодарам на сите за пораките, многу ми помогнаа – напишала Кораима.
Да потсетиме, Кораима Торес беше неверојатно популарна и во Македонија, а ја посетуваше и нашата земја и секогаш и изразуваше љубов кон неа.
View this post on Instagram
Фото: Архива