Големо внимание во јавноста предизвика инцидентот кој се случи кога македонската претставничка Андреа Коевска го фрли знамето на својата земја во Торино.
Инцидентот се случил кога пејачката на барање на фотографот решила да позира без знамето кое го носела во рака. Бидејќи во тоа време никој од членовите на нејзината делегација не бил во нејзина близина (туку на неколку метри), Андреа Коевска го фрли знамето на подот, што ги вознемири луѓето на Македонската радио телевизија (МРТ) но и граѓаните од нашата земја.
„МРТ најостро го осудува фрлањето на знамето на нашата земја прикажано на церемонијата на отворање на Евровизија. Потсетуваме дека фрлањето знаме на подот во Северна Македонија се смета за знак на непочитување и е казниво со закон. Јавниот сервисна ниту кој начин не стои зад ова скандалозно одесување на нашата претставничка. МРТ очекува Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување, а ние ја разгледуваме можноста за нејзино повлекување од Евровизија“.
По оваа објава, младата пејачка се извини за своето однесување, а МРТ неодамна повторно се огласи.
„Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот ‘Евровизија’ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија“, посочија од државна телевизија.
Да потсетиме, Македонија не успеа да се пласира во финалето на овогодинешната „Песна на Евровизија“.
Фото: Принтскрин/YouTube