Вечерва е големото финале на „Песна на Евровизија 2022“

Вечерва ќе го дознаеме победникот на Евровизија 2022! 25. земји ќе се натпреваруваат за трофејот и честа да бидат домаќини на „Евровизија 2023“. Погледнете ги сите детали, песни и што да очекувате од вечерашното големо финале
Вечерва завршува 66-тото издание на Изборот за песна на Евровизија. Ќе се натпреваруваат 25. песни, а по 4 часа музика, настапи, забава и возбуда ќе го знаеме победникот на Евровизија 2022 година.

This image has an empty alt attribute; its file name is eurovision-2022-grand-final-running-order.jpg


Шоуто започнува во 21:00 часот по средноевропско време, во живо од Пала Олимпико Арена во Торино, Италија и може да се следи на МРТ но и неколку кабелски канали. Домаќини се Мика, Лаура Паузини и Алесандро Кателан.

Резултати од жирито
Секоја од 40-те земји учеснички на Евровизија 2022 има жири кое одлучува за половина од резултатот. Поените на жирито ги дава презентер од секоја земја, каде само 12-те поени ќе бидат објавени усно.


Резултати од телегласување
Сите телегласови од 40-те земји се здружени и објавени за секоја земја примател. Почнувајќи од земјата со помалку поени од жирито.

This image has an empty alt attribute; its file name is evrovizija-finale.jpg


Гласање
Процедурата на гласање ќе биде иста како и претходните пет години. Секоја земја ќе има два сета од 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12 поени. Еден сет за жирито на секоја земја и еден сет за телевоутингот на секоја земја.

Секоја од 40-те земји учеснички на Евровизија оваа година ќе гласа
Секоја земја има национално жири кое даде еден сет од 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12 поени
Секоја земја ќе има телевоутинг што исто така резултира со збир од 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12 поени
Прво, поените од жирито ќе бидат презентирани поединечно од страна на портпарол од секоја земја
Второ, поените од телевоутинг ќе бидат здружени и дадени комбинирани
Гласовите од телевоутингот и националните жирија имаат еднаква тежина во гласањето
Националните жири комисии гласаа вчера вечерта (петок, 13 мај) за време на втората генерална проба
Ако две земји имаат исти поени, комбинираниот резултат на националното телевоутинг и жирито ќе се пресметува само за да се решат нерешени ситуации. Најдобрата од двете е песната која ќе добие највисоки поени (12) од најголем број земји од комбинираното национално телевоутинг и пресметката на жирито.
Набргу по големото финале ќе бидат откриени деталните резултати, гласањето и бодовите.

На сцената на Пала Олимпико Арена ќе се појават минатогодишните победници Манескин, Џиљола Чинквети, Мика а ќе има и танцување.

This image has an empty alt attribute; its file name is konstanta.jpg
Според кладилниците украинските претставници се уште се главни фаворити, но на високо место е и српската претставничка Констракта.

This image has an empty alt attribute; its file name is evrovizija-kladilnici-1.jpg

Фото: Принтскрин/eurovisionworld

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …