Проблем – Тесла повлекува 130.000 возила

Американската компанија за електрични возила мора да повлече 130.000 возила поради проблеми со прегревање предизвикани од екранот на допир.
Станува збор за Tesla Model S и Tesla Model X и се однесува на верзиите од 2021 и 2022 година, односно Model 3 и Model Y од 2022 година, а потврдено е дека се подготвува „апдејт“ кој ќе поправи се.
Констатирано е дека поради прегревање на системот не може да се користи задната камера, светлата и некои други работи, а од јануари годинава пријавени се 59. поплаки за неисправности, но за среќа немало незгоди.
Во април, Tesla повлече 48.000 Model 3 Performances поради проблеми со брзинометарот, а во март 947. возила поради слични проблеми со задната камера.

Фото: Tesla promo


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …