Познатиот актер Фред Вард починал на 79-годишна возраст, соопштиле од неговиот тим.
Фред починал на 8. мај, но јавноста дури денеска дозна за неговата смрт. Причината се уште не е позната. Кариерата ја започна во 1970. година, а првата голема улога ја имаше во филмот „Бегство од Алкатраз“.
Публиката ќе го памети и по улогите во продукциите: „Патување во вселената“, „Треперење“, „Вистинската работа“, „Хенри и Џун“, „Ремо Вилијамс“, „Кратенки“ и други. Глумеше во повеќе од 90 филмови во жанрот драма, комедија, трилер и научна фантастика.
Во тага ги остави сопругата Мари-Франс Вард и синот Џијанг.