(ФОТО) Многумина велат дека е поубава од нејзината мајка – ќерката на Салма Хајек плени со појавата

„Ги сакам овие прекрасни фотографии и овој посебен момент со мојата Валентина“, рекла Хаек.
Актерката Салма Хаек, мажена за Франсоа Анри-Пино, во 2007. година ја доби ќерката Валентина Палома, која досега не била толку често експонирана. Иако имавме можност одвреме-навреме да ја видиме со нејзината мајка или татко на некој од престижните модни настани, сега младата Валентина отишла чекор понатаму.
Таа заедно со Салма позирала за насловната страница на мексиканскиот „Вог“. Мајката и ќерката во интервјуто зборувале за работата, гардеробата и други интересни работи.
„Се расправаме за облеката бидејќи таа ми зема се од плакарот“, изјавила 55-годишната Хајек за магазинот и додала:
„Дури и’ кога беше мала не ми дозволуваше да ја бирам нејзината облека и тоа секогаш ми се допаѓаше“.
Валентина додала дека не придава големо значење на дизајнираната гардероба и дека секогаш го носи тоа што и се допаѓа.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …