Починал легендарниот Мит Лоуф

Американскиот пејач и актер Мит Лоуф починал на 74-годишна возраст, потврдил неговиот агент. Причината за смртта не е објавена.
Музичарот, роден како Марвин Ли Адеј, починал на 20 јануари, додека неговата сопруга Дебора беше покрај него.
„Знаеме колку тој значеше за многумина од вас и навистина ја цениме сета љубов и поддршка додека минуваме низ времето на тага поради загубата на таков инспиративен уметник и убав човек“, се вели во соопштението на семејството.

This image has an empty alt attribute; its file name is Meat_Loaf.jpg
„Од неговото срце до вашите души… никогаш не престанувајте да се лулате!“, додало семејството.
Деби албумот на Мит Лоуф од 1977. година „Bat Out of Hell“ е еден од најпродаваните албуми во историјата на САД со повеќе од 14. милиони продадени копии.
Тој е познат по неговиот легендарен хит „I’d Do Anything For Love (But I Won’t Do That)“.


Фото: Википедија


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …