Деветнаесетгодишната Зара Радерфорд стана најмладата жена која сама го обиколила светот, а во четвртокот се врати во Белгија по одисејата која опфатила 52. земји и пет континенти.
Белгиско-британската тинејџерка слетала на аеродромот Кортријк-Вевелгем – последната станица на експедицијата, која започнала во август и траела 156 дена, а била пречекана од нејзиното семејство, фанови и многу новинари.
За неколку часа, Гинисовата книга на рекорди потврдила дека Радерфорд е навистина најмладата жена што го завршила подвигот, а исто така и најмладата личност од двата пола која сама патувала низ светот со ултралесен авион.
Најдобрите моменти
Сибир, иако според неа, бил најтешкиот дел.
„Тајван, се сеќавам, беше прекрасен. И тогаш стигнав во Бугарија“, им рекла таа на новинарите.
Радерфорд на тој начин ја потисна досегашната рекордерка Шаест Ваиза од САД, која сама леташе околу Земјата во 2017 година на 30-годишна возраст. Машкиот рекорд го држи 18-годишник.
Младата пилотка го споделила своето епско патување на социјалните мрежи, надевајќи се дека повеќе жени и девојки ќе бидат заинтересирани за летање или за наука и инженерство.
Радерфорд управувала со ултралесен авион произведен во Европа наречен „Ајкула“, способен да лета со брзина од 300 километри на час, се наведува на нејзината веб-страница.
Тинејџерката потекнува од семејство на авијатичари: и нејзината мајка Белгијка и нејзиниот татко Англичанец се пилоти.
Од прва рака знаела како изгледа внатрешноста на пилотската кабина кога имала само неколку месеци. На 14-годишна возраст научила да управува со авион и набрзо почнала да работи на добивање на првата пилотска дозвола.
„Додека растев, секогаш бев блиску до авион“, речкла таа во четвртокот.
Откако го завршила училиштето, одлучила дека е совршено време да „направи нешто лудо“ и да лета низ светот, објаснила Радерфорд.
Во септември ќе ги започне универзитетските студии по електротехника.
Фото: Принтскрин/YouTube