ПОЗНАТА ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА ПОЗНАТИОТ ПЕЈАЧ И АКТЕР: Колегите на Мит Лоуф во шок, се збогуваат со ШОКАНТНИТЕ ПОРАКИ, еве зошто се викаше ЛЕБ ОД МЕСО!

Пејачот и актер Мит Лоуф (ќофте, леб од месо) почина на 74-годишна возраст, а сега е откриена причината за смртта на познатиот уметник. Роден е во Далас на 27. септември 1947. година.
Менаџерот Мајкл Грин ја потврдил смртта на пејачот и рекол дека тој починал во четвртокот вечерта а покрај него биле сопругата и двете ќерки. Изворот, исто така, изјави за TMZ дека пејачот требало да присуствува на деловна вечера претходно оваа недела за шоуто на кое работел, но вечерата била откажана бидејќи бил тешко болен од Ковид. Изворот вели дека неговата состојба брзо се влошила. Изворот напишал и дека уметникот бил многу елоквентен кога станува збор за вирусот, но не било споменато дали е вакциниран.
Покрај успешните албуми, Мит Лоуф (со вистинско име Марвин Ли Адеј) глумел во многу серии и филмови: „The Rocky Horror Picture Show“, „Spice World: The Movie“ и „Fight Club“, а се појавил и во мјузиклот „Коса“ (Hair) на сцени на и вон Бродвеј.

This image has an empty alt attribute; its file name is mit-louf-pak.jpg
Инаку, причината поради која тој избрал неговиот бенд, а подоцна и тој да се наречер Meat Loaf, е следна: во средно училиште неговиот фудбалски тренер поради неговата тежина го нарекувал Meat Loaf, а првиот бенд го нарекол Meat Loaf Soul (леб од месо со душа). Извесен период дури размислувал да го промени своето име за да го сфатат посериозно како уметник.
Тој исто така бил вегетаријанец од 1981. до 1992. година. Во 2019. година се обидел да биде веган.



– Има некои вегетаријанци кои не сакаат да разговараат со мене поради името – рекол тој, а познат е случајот кога сакал да разговара со пејачката к.д. ланг бидејќи тој бил нејзин голем обожавател, а таа го одбила поради името. Се разбира, тој не и бил фан после тоа.
Колку колегите го сакале и почитувале сведочат шокантните пораки на Твитер, а Шер напишала дека многу се забавувала со него кога правеле песна и дека многу и е жал.

Џереми Кларксон напишал едноставна порака.
– Го сакав – кратка и многу вистинита реченица.

Стивен Фрај се присетил на нивните заеднички сцени

– Каква легенда. Почивај во мир – напиша пејачот Рик Астли.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …