(ФОТО) Погледнете ја карикатурата на Ѓоковиќ која ја згрози Србија

Еминентниот австралиски портал THE AGE објави карикатура на Новак Ѓоковиќ која ја налути Србија. Откако министерот за имиграција Алекс Хок по вторпат му одби виза на Новак Ѓоковиќ, по што му се заканија со депортација од земјата, илустраторот Мет Голдинг аферата за која се зборува во светот ја претстави како карикатура.
На неа ги нацрта Ѓоковиќ и Хок како горат во контејнер. Министерот му ја уништува визата на тенисерот, додека од разглас се слуша „Advantage, waxers“. Контејнерот во кој се наоѓа дуото е означен со парафразирано лого на Австралија Опен. Неговото „А“ е составено од два шприца, а „О“ како симбол на коронавирусот. Српските медиуми и јавноста се згрозени од ваквото претставување на нивниот национален херој.


Фото: Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …