(ВИДЕО) Бремена жена на гробот на својата мајка го открила пол на бебето – народот вели дека им поминале морници

Тиктокерката Ели Пејџ не сакала нејзината мајка да пропушти важен момент, па полот на бебето го открила на нејзиниот гроб. Таа и нејзиниот партнер го посетиле гробот на нејзината мајка и отвориле туба од која во воздухот летале розови конфети, откривајќи дека ќе роди девојче. Ели прво погледнала во гробот на мајка си, што многумина го забележале и признале дека ги трогнал емотивниот момент.
„О, Боже, како прво ја погледна мајка ти! Те гушкам“, „Ми поминаа морници од оваа сцена“, „Прекрасно е што не ја заборави и што реши да споделиш среќен момент со неа“. „Прекрасна работа. Мајка ти секако е благодарна“, напишале во делот за коментари покрај снимката, која собрала 9,7 милиони прегледи.

@elliepaige_3 I just can not wait too meet you princess 💓 not long now!! #babygirl #princess #pregnant🤰 #pregnancy #genderreveal ♬ sonido original – elia2005


Очекувано, за некои сцената им е морбидна.
„Го откривате полот на бебето на гробишта? Болно“, гласи еден таков коментар.
Многумина застанале во одбрана на жената, велејќи дека тоа е гробот на нејзината мајка и дека ако полесно се носи со загубата, таму може да прави што сака. Ели подоцна објаснила зошто го направила тоа.
„Само сакав да го споделам тој момент со мајка ми. Овде се чувствувам блиска со неа“, рекла таа.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 24.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Работата оди во насока која вам ви одговара, само треба да бидете трпеливи …