(ВИДЕО) Во сообраќајка останал без половина од автомобилот – излегол неповреден!

Следната дестинација на овој некогаш прекрасен автомобил ќе биде отпадот.
Chevrolet Corvette Stingray C7 практично бил преполовен по сообраќајката која се случила во Роузвил, Калифорнија, но неверојатно е што возачот успеал да ја напушти патничката кабина без повреди.
Деталите за тоа како се случила оваа несекојдневна несреќа не се целосно разјаснети, но видеата ги покажуваат последиците и тоа воопшто не е добра глетка. Очигледно, следната дестинација на оваа „Laguna Blue“ сина копија на моделот Corvette ќе биде отпадот.


На видеото се гледа дека задната половина од спортскиот автомобил, вклучувајќи ја и неговата кабина, завршила на страната на патот, додека предниот дел заедно со моторот е оддалечен околу десетина метри. Иако не е потврдено, се верува дека возачот изгубил контрола и странично удрил во дрвото.
Corvette Blogger известува дека се работи за брзо возење, што не е големо изненадување со оглед на штетата што ја претрпел автомобилот.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …