(ФОТО) Меган Маркл и принцот Хари ја објавиле првата фотографија од бебето Лилибет

МЕГАН МАРКЛ и принцот Хари ја споделија првата фотографија од нивната ќерка Лилибет Дијана. Фотографијата е всушност нивна божиќна честитка, а објавена е шест месеци по раѓањето на нивното второ дете.
Меган (39) ја држи Лили во воздух додека Хари (36) седи со нивното првородено дете, двегодишниот Арчи Харисон, во неговиот скут.
Хари, Меган и Арчи избраа тексас за семејниот портрет, кој е дело на фотографот Алекси Лубомирски, додека Лилибет има бел фустан.

„Оваа година ја дочекавме нашата мала ќеркичка Лилибет. Арчи не направи мама и тато, а Лили семејство“, се вели во честитката.
Двојката, исто така, објави дека нивната фондација Archewell ќе донира средства оваа сезона на различни организации кои „ги чуваат и штитат семејствата“.
Меган и Хари станаа родители на малата Лилибет на 4. јуни 2021. година во болницата Санта Барбара Котиџ во Калифорнија. Девојчето е осмо во редот за британскиот трон.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …