Спреј за нос со евтин лек ја запира короната?

Кога се вдишува, хепаринот не навлегува во крвотокот, туку се задржува во носот со цел вирусот да се закачи за него наместо за клетките на телото.
Австралиските истражувачи спроведуваат тестови на назален спреј на база на разредувачи на крв, за да утврдат дали тој може да обезбеди заштита од ковид 19.
Спрејот за нос на кој е спроведено истражувањето го содржи евтиниот лек хепарин, кој треба да го неутрализира протеинот на шпицот на коронавирусот. Засега, истражувањата покажаа дека, откако спрејот ќе се испрска во носот, лицето повеќе не е заразно.
Пробното истражување ќе биде завршено во средината на 2022 година.
Доколку се покаже како ефикасен, овој спреј може да стане една од мерките за контрола на инфекцијата, заедно со вакцината и другите мерки. Истражувачите се надеваат дека овој спреј може многу да помогне да се запре ширењето на вирусот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …