Актерката Ана де Армас блесна во Лондон во секси фустан со потпис на Луј Витон
Актерката Ана де Армас во Лондон е главна кога станува збор за гламурот и сексапилот.
Поранешната девојка на Бен Афлек пристигна на црвениот тепих во „Ројал Алберт Хол“, на премиерата на филмот за Џејмс Бонд „Нема време за умирање“.
Покрај Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд, улогата на девојката на Бонд ја имаше и убавата Ана.
Филмовите за Бонд секогаш се синоним за акција и гламур, а Ана де Армас дефинитивно беше на исто ниво кога станува збор за црвениот тепих!
Иако премиерата на филмот беше одложена дури 18. недели, беше организирана гала вечер, на која присуствуваа и членови на кралското семејство, како Кејт Мидлтон, принцот Чарлс и принцот Вилијам.