Овие знаци јасно даваат до знаење дека ви недостасува витамин Д

АКО мислите дека витаминот Ц е најпопуларниот додаток, грешите. Тоа е витамин Д.
Витаминот Д го регулира нивото на калциум, од витално значење за здрави коски и ја олеснува нормалната функција на имунолошкиот систем. Како знаете дека имате недостаток на витамин Д?
„Недостатокот на витамин Д не е толку очигледен кај возрасните“, велат од Клиниката Кливленд.
Еве неколку знаци дека вашето тело може да има недостаток на витамин Д.

1. Уморни сте
Недостатокот на витамин Д често се поврзува со замор и други неспецифични симптоми како што се главоболки, мускулно -скелетни болки, слабост, депресија и нарушени когнитивни способности, се вели во една студија објавена во професионалното списание „Medicine“.
„Третманот со витамин Д значително го подобри заморот кај инаку здрави луѓе со недостаток на витамин Д“, наведуваат тие.


2. Чувствувате болка во коските
„Статусот на витаминот Д влијае на здравјето на мускулно-скелетниот систем“, тврди една студија објавена во Musculoskeletal Medicine.
„Ниското ниво на витамин Д може да доведе до болки во коските, мускулна слабост, падови, мала коскена маса и фрактури, со последователни дијагнози на остеомалација, остеопороза и миопатија“.


3. Чувствувате слабост, болки или грчеви во мускулите
„Познато е дека витаминот Д игра важна улога во нормалната мускулна функција“, велат авторите на студијата објавена во Bone Reports.
Ниските нивоа на витамин Д се поврзани со зголемен ризик од падови и проксимална слабост.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …