Во морето на лоши вести што доаѓаат од Кабул, од Јужна Кореја доаѓаат малку подобри. Имено, стотици евакуирани Авганистанци пристигнаа во таа земја, а вчерашните фотографии од аеродромот во Сеул покажуваат деца кои при пристигнувањето добиле плишани мечиња.
Фотографиите за првпат беа објавени на Твитер профилот од новинарот Рафаел Рашид, кој известува за ситуацијата во Авганистан.
Авганистанците кои пристигнаа во Јужна Кореја беа прогласени за лица од посебно значење, а не како бегалци, па им беа доделени краткорочни визи.
Upon arriving safely in South Korea at Incheon Airport today, the kids from Afghanistan were handed teddy bears. pic.twitter.com/GqZ7F1fmhl
— Raphael Rashid (@koryodynasty) August 26, 2021
Сепак, аналитичарите велат дека во пракса, таа ознака е приближно еквивалентна на етикетата на мигрантите.
Вкупно 390 бегалци пристигнаа во Јужна Кореја, вклучувајќи здравствени работници, професионални обучувачи и преведувачи кои работеа за корејската амбасада.
Министерството за надворешни работи објави дека морале да вратат еден Авганистанец во Кабул поради неговиот нејасен идентитет.
Имено, лицето кое не било на списокот за евакуација отпатувало прво во Пакистан со голема група луѓе, а властите го откриле при проверка на идентитетот на лицата пред летот за Сеул.
Извор: Jutarnji list
Фото: Twitter