(ФОТО) Трето дете: Ким и Канје со помош на сурогат мајка добиле ќерка

„Многу сме и благодарни на нашата сурогат мајка што ни ги оствари соништата и ни го донесе најубавиот подарок кој можеме да го замислиме“ рекол славниот пар…
Ким Кардашијан (37) и Канје Вест (40) добиле девојче кое им го родила сурогат мајка. Бебето се родило 47. минути после полноќ, по локално време, и тежело 3,3 килограми.
„Се заблагодаруваме на прекрасните доктори и медицинските сестри бидејќи се грижеа за сурогат мајката. Норт и Сеинт се возбудени поради доаѓањето на сестричката“ рекол славниот пар кој не открил како ќе ја крсти приновата.
Риалити ѕвездата и музичарот користеле сурогат мајка бидејќи Ким за време на двете бремености имала потешкотии, а лекарите и рекле дека третата бременост би и била премногу ризична.
Сурогат мјката која на свет го донела третото дете на Ким и Канје, има 27. години, два сина и пет години е во брак. Завршила факултет, а на двојката им се допаднала бидејќи била во одлична физичка форма.
За време на бременоста, Канје и Ким и забраниле да ја бои косата, пие алкохол, јаде сирова риба, користи сауни и да пуши. За нејзина сигурност за време на бременоста биле задолжени двајца телохранители, кои и помагале од третиот месец на бременост. Целиот процес и „услугата“, Канје и Ким го платиле 114. илјади долари.
Ким и Канје често ја посетувале сурогат мајката и проверувале дали е дисциплинирана. Членката на кланот Кардашијан и раперот ги имаат синот Сент (2) и ќерката Норт (4). Ким во своето реално шоу често истакнувала дека отсекогаш сакала големо семејство.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …