(ФОТО) Синот на Том Џонс бездомник: „Среќен сум кога ќе добијам ќебе“

Џонатан Беркери цел живот сонува за средба со татко му, познатиот пејач Том Џонс, чие богатство се проценува на повеќе од 200. милиони долари, никогаш не сакал да се сретне со синот и рекол дека неговото раѓање не било во план…
„Сакам да го видам пред да биде предоцна и умре. Би сакал да зборувам со него за вообичени работи“ рекол музичарот Џонтан Беркери (29) за својот татко, пејачот, Том Џонс(77).Беркери никогаш не го запознал својот татко а настапува под уметничкото име Џон Џонс.
Живее во Њу Џерси, во засолниште за бездомници, а вели дека има среќа ако успее да дојде до ќебе бидејќи таму живеат уште 30. мажи кои спијат покрај него секоја ноќ. Додека младиот музичар нема ниту сопствено место за живеење, вредноста на богатството на неговиот татко се проценува на повеќе од 200. милиони долари, а минатата недела продал вила во Холивуд за 11. милиони долари.
Том Џонс никогаш јавно не признал дека Џонатан му е син, се’ до 2008. година, кога ДНК анализата го потврдила неговото ттковство. Пејачот во октомври 1987. година имал куса авантура со манекенката Кетрин Беркери која ја запознал во ноќен клуб во Њујорк. Ја поканил на својот концерт и вечера а потоа завршиле во неговиот хотелски апартман.
Кетрин три месеци подоцна му се јавила на менаџерот на Џонс и му кажала да му пренесе на пејачот дека е бремена, но и се шокирала со одговорот.
„Тоа е шоубизнис. Направи што мораш“ и рекол тогаш на 24. годишната манекенка. Таа сепак одлучила да роди, а Џонс кој признал дека спиел со повеќе од 250. ени, одбил да го признае татковството додека судот не му наредил ДНК анализа и открил дека Кетрин ја зборува вистината. Пејачот морал да плаќа алиментација од 2.500 долари месечно се’ додека Џонатан не стане полнолетен.


Но, никогаш не сакал да се сретне со својот син, а за тоа конечно проговорил во 2008. година.
„Тоа е нешто што не го планирав. Да ми беше тоа во план би направил нешто многу повеќе од самиот финансиски дел. Паднав на заведување“ раскажал Том Џонс.
Џонатан истакнал дека му е тешко што неговиот татко нема потреба да го запознае а од својата четврта година го посакувал неговото присуство во својот живот.
„Како дете ја испрашував мајка ми зошто немам татко а таа ми ги покажуваше списанијата во кои пишуваше за случаи на татковство. Ми рече дека нема време бидејќи има премноги работа пеејќи ширум светот и не може да биде со него“ се присетил Бејкери.

Тој посакувал Џонс да дојде кај нив дома и заедно да ги прават вообичаените работи како гледање телевизија и јадење вечера…Мајка му, кога имал 10. години, му објснила дека тоа нема никогаш да се случи.
„Бев лут и тоа влијеше на мене во пубертетот. Подоцна имав проблеми со дрога и не можев да задржам ниту една работа“ раскажал Џонатан. Додал и дека никогаш не успеал во својата пејачка кариера, иако го наследил гласот и изгледот од татко му.
Некогаш бил член на бој бенд, а пред три години го досегнал дното кога почнал да живее во автомобил во Мајами. Полицијата го уапсила поради поседување дрога и неколку дена минал во затвор. Џонатан отишол на одвикнуавње за да ги отфрли сите обвинувања против него. Помислил дека пејачот и неговито син, менаџерот Марк Вудворд (60), полубрат на Џонатан, ќе сакаат да разговараат со него после смртта на Мелинда Тренчард, сопругата на Том Џонс, во април 2016. година.
„На Марко му испратив порака преку неговиот асистент и побарав помош за да се сретнам со нашиот татко. Не сакам подоцна да зажалам што не се јавував и разговарав со него за се“ раскажал Беркери. Додал и дека сеуште има близок однос со мајка му и дека ова не е обид преку татко му да стане славен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …